Предговор
Изложбата ,„Учителот и неговите ученици“ е обид да се истражи влијанието кое еден учител го втиснал во творештвото на неговите ученици, како и особеностите кои учениците ги развиле независно, во текот на нивниот творечки век. Покрај вештините, неизбежно, учителот им пренесува на учениците и дел од неговите лични убедувања и животни ставови. Истовремено – и повторно неизбежно - учителот учи од учениците, запознавајќи ги нив ните убедувања, животни ставови и нивниот однос кон вештините на занаетот. Таа размена отсекогаш била призма низ која најјасно се воочува суштината на односот помеѓу учителот и неговите ученици.
„Јас се трудам – вложувајќи ги сите мои знаења и чувства – да бидам Учител. Тоа е најтешка задача на личноста, но и најблагородна. Затоа, таа нема цена. Младоста е сосем сигурно најрадосниот период од човековото живеење. Според тоа, јас од нив учам да бидам радосен по секоја наша средба, предавање, вежба или испит што јас го полагам заедно со нив. Да, јас постојано полагам испит пред моите студенти.“
Со зборовите на Владимир Георгиевски
Со зборовите на Владимир Георгиевски





